27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИнтер добива инвеститор од Казахстан?

Интер добива инвеститор од Казахстан?

FC-Inter-Wallpaper-3

Екипата на Интер е во потрага на нови инвеститори, а според информациите кои пристигаат од Италија, „нероазурите“ би можел да ги најдат во Казахстан.

Првиот човек на Интер, Масимо Морати ги потврди шпекулациите дека бара нови извори на финансирање.

Како еден од луѓето кој би можел да внесе капитал во клубот се споменува Булат Утемуратов. Педесетипетгодишниот Казахстанец се наоѓа на листата на најбогати луѓе во светот, благодарејќи на своите бизниси со рудници, банки и хотели.

Тој веќе се наоѓа во светот на спортот, имено тој е претседател на тениската федерација на Казахстан. Неговото богатство се проценува на 2.2 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП