4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПотврдено: Новиот SUV на Seat ќе се нарекува Arona

Потврдено: Новиот SUV на Seat ќе се нарекува Arona

aseat-000

Шпанскиот производител „Seat“ ќе пушти на пазарот нов компактен кросовер, кој ќе го носи името „Arona“. Продажбата на моделот ќе стартува веднаш по премиерата, која ќе се одржи за време на автосаемот во Франкфурт во есента 2017-та година.

Ова го соопшти шефот на компанијата – Лука де Мео, цитиран од весникот „Auto Express“. Тој објасни дека возилото е именувано по градот Арона кој се наоѓа  на островот Тенерифе, а заедно со новите „Ibiza“ и поголемиот теренец „Ateca“ ќе треба да ги зацврсти позициите на брендот на светските пазари.

Компактниот теренец ќе излезе на пазарот по новата генерација на „Ibiza“, чија премиера е закажана за првата половина на 2017-та година. Двата автомобили ќе делат една платформа – „A0“. Таа претставува варијанта на шасијата „MQB“, чии димензии ќе бидат благо намалени поради двата шпански автомобили. На истата архитектура ќе биде изграден и новиот „Volkswagen Polo“.

aseat-001

Се очекува, како по дизајнот, „Arona“ да личи во голема мера на кросоверот „Ateca“.

При излегувањето на пазарот моделот ќе се натпреварува со „Honda C-HR“, „Renault Captur“, „Peugeot 2008“ и „Opel Mokka“ во еден сегмент кој се развива со многу брзо темпо. Само во Европа од него за првите месеци во 2016-та година се продадени 1.002.566 примероци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП