8 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMazda се откажа од RX-9

Mazda се откажа од RX-9

mazda-rx-vision333

Mazda ги урна надежите на фановите дека ќе претстави наследник на „RX-8“ со ротирачки мотор. Презентацијата на „RX-Vision“ во Женева оваа пролет ја отвори темата за шпекулации, но сега Јапонците потврдуваат дека не предвидуваат создавање на ваков спортски модел.

Главниот извршен директор на „Mazda“, Масамичи Когаи изјави за „Automotive News“ дека компанијата не планира спортски модел кој ќе е поголем од „MX-5“. Тоа практично ги затвора сите варијанти за евентуален „RX-9“. Но во „Mazda“ сепак не се откажуваат сосема од ротирачкиот мотор на инженерот Феликс Ванкел.

„Ако го рестартираме производството на ротирачки мотори, тоа треба да го направиме така што тие ќе живеат подолго. Треба да сме сигурни дека новите мотори ќе ги исполнат барањата за емисиијата за штетни гасови. Факт е дека се уште работиме напорно за решавање на проблемите што ги имаме со потрошувачката на гориво и нивото на штетните гасови кои се испуштаат од овие мотори“, вели Когаи.

Според шефот на „Mazda“, најверојатната идна примена на ротирачки мотор ќе биде како агрегат, кој го продолжува досегот на електричните модели. Секако, можно е и ротирачкиот мотор да ја преземе улогата на главен погонски агрегат, но според зборовите на Когаи, за да се случи тоа, претстои сериозна работа на проблемите на овој тип мотори.

„Mazda“ е единствениот производител на автомобили, кој инвестираше многу во развојот на ротирачки мотори, но во последните години оваа програма е пред затворање, бидејќи овој тип мотори има многу висока потрошувачка на гориво и масло. Сепак, истражувачите на „Mazda“ работат на нов ротирачки мотор кој е опремен со турбо компресор, кој го носи името „Skyactiv-R“, но засега за него се знае многу малку.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП