19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSamsung не мора да му плати на Apple 399 милиони долари

Samsung не мора да му плати на Apple 399 милиони долари

samsung-apple-case333

Врховниот суд во САД донесе пресуда во корист на јужнокорејската компанијата „Samsung“, одбивајќи ја одлуката на апелациниот суд според кој оваа компанија требаше да исплати отштета од речиси 400 милиони долари на американски „Apple“ поради копирање на дизајнот на „iPhone“.

Во пресудата на Врховниот суд се наведува дека казната од 399 милиони долари е несоодветна, затоа што претставува целиот профит на „Samsung“ од продажбата на нивните смартфони, како и дека сторителот не треба да ја предаде целата заработка од производот кој го користи „украдениот“ дизајн, доколку станува збор за само за една компонента, а не за целиот производ.

Со тоа оваа одлука е вратена во суд од понизок ранг на понатамошна постапка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП