
Концерт на тасавуфска (суфиска) мистична музика „Љубовта на Илахијата“, ќе се одржи во понеделник со почеток во 19 часот во Дом на АРМ.


Концерт на тасавуфска (суфиска) мистична музика „Љубовта на Илахијата“, ќе се одржи во понеделник со почеток во 19 часот во Дом на АРМ.
Концертот е поддржан од Турскиот културен центар „Јунус Емре“-Скопје и (МАТУСИТЕБ) Сојуз на Турски невладини организации во Македонија.
Уметниците доаѓаат од градот Коња од Турција, кој е познат по дервиши, дом на Мевлана Руми, почитуван научник од 13-ти век. Руми проповедал за љубов, толеранција и простување, како и начин на поврзување со Бога.
Влезот е слободен.