1 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИФранцускиот енергетски гигант ќе отпушти 4.000 работници

Францускиот енергетски гигант ќе отпушти 4.000 работници

gdf1

Француската електро-енергетска компанија „GDF Suez“, во рамките на планот за штедење, предвидува да отпушти 4.000 работници во Европа до крајот на 2015 година, пренесуваат француските медиуми.

Со планот се предвидува заштеда од 4,5 милијарди евра до крајот на 2015 година, што ќе и овозможи на компанијата да се прилагоди на економската криза која ја погодува побарувачката на гас и електрична енергија, пренесуваат медиумите.

Синдикатот во соопштението наведува дека компанијата планира да укинува 1.400 работни места годишно, во текот на наредните три години.

„GDF Suez“ на крајот од 2012 година поседуваше 219.300 вработени, од кои 87 проценти се во Европа, а една година претходно, нивниот број беше 218.900 лица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП