3 јули, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBMW ќе инвестира половина милијарда долари во нови технологии

BMW ќе инвестира половина милијарда долари во нови технологии

itehnologii3

Раководството на „BMW“ планира да инвестира дел од финансиските ресурси во различни организации, современи технологии. За таа цел, германскиот производител на премиум автомобили ќе одвои сума од 500 милиони долари, соопштува „Automotive News“.

Всушност, огромната сума на пари ќе биде вложена во сопствената поделба на Германците – „iVentures“, која за возврат ќе ги дистрибуира сумите меѓу перспективните проекти на развојните компании. Па така штабот на Фондот ќе биде преместен од Минхен, каде е сега, во Силиконската долина. Со овој чекор „BMW“ ќе биде блиску до компаниите кои создаваат високи технологии.

Меѓу организациите со кои баварците ќе стапат во контакт, е компанијата „RideCell“. Таа развива интерфејс и платформи за сервисери кои се занимаваат со развојот на услуга за заедничка употреба на автомобили. Друга фирма, на која „BMW“ ќе и помага, е „ChargePoint“ кој функционира во создавањето на општо достапни станици со поланачи за електрични возила.

Еден од шефовите на баварскиот концерн – Фридрик Ејшнер, кој е одговорен за финансии, призна дека во „BMW“ ги набљудуваат компаниите кои се наоѓаат надвор од автомобилскиот сектор. Така се следат најновите новитети и може да се инвестира во перспективни иновации.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП