18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЈугохромци уште еден месец на работа

Југохромци уште еден месец на работа

%d1%98%d1%83%d0%b3%d0%be

Кон крајот на декември синдикатот на вработените во Југохром ќе преговара со раководството на компанијата, со цел работниците да ги задржат работните места.

„Одлучив заедно во кореалција со менаџментот, вработените да останат сите без исклучок, без ниту едно отпуштање во работен однос во фабриката. Се разбира дека оваа мерка ја превземавме, повторно на еден месец“, рече во среда на прес конференција Васил Скендеровски, генерален директор на Југохром.

Претседателот на синдикатот на работниците на Југохром, Бајрам Амити, побара од Министерството за животна средина и Државниот инспекторат да ја повлечат одлуката за затворање на комбинатот, во спротивно тие ќе продолжат со протестите.

Од компанијата најавуваат дека системот на отпрашување ќе биде завршен кон крајот на април, а досегашните одлагања се должат единствено на долгото чекање на дозволи и мислења од државните институции.

Според Скендеровски, одлуката на Државниот инспекторат за затворање е тенденциозна.

Тие покажаа податоци според кои загадувањето на Тетово и натаму е високо, без оглед што комбинатот не работи, што за нив е доказ дека не се главни загадувачи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП