26 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAmazon се подготвува за Божиќ...

Amazon се подготвува за Божиќ…

amazonit333

„Amazon.com“ сака нејзините работници во магацините да стигнуваат до работа брзо. Со цел да се подготви за огромниот број нарачки по празниците кои се поставуваат, гигантот во областа на трговијата на мало користи различни алатки – од уреди со екран на допир до роботи кои ќе го намалат времето потребно за обука на новите вработени до 2 дена, во споредба со до 6 недели за обична работа во магацин.

Пократкиот период на обука штеди пари на „Amazon“ и може да и овозможи на компанијата да понуди повисоки плати, додека се обидува да ја зголеми својата работна сила со околу 40% преку ангажирање на 120.000 привремени работници во своите магацини во САД кои се презафатени во сезоната од ноември до крајот на декември.

Она што ја комплицира оваа задача, е ограничениот пазар на трудот, кој го принудува „Amazon“ да се бори со конкурентите како „Wal-Mart Stores“ и фирмите за пакување на пратки како „United Parcel Service“, кои исто така го зголемуваат бројот на вработени за време на празниците.

„Тие се борат за исти работници“, коментира Том Бианкули, главен службеник за технологија во „Zebra Technologies“, која работи со трговците.

Резултатот е особено загрижувачки за „Amazon“, која ја поседува најголемата во светот мрежа од магацини и има потреба од повеќе сезонски работници, за да се справи со големите нарачки.

Сезонските работници на „Amazon“ и на другите оператори на магацини можат да работат за нив меѓу 6 недели и 3 месеци, да примаат нарачки и да испорачуваат пратки.

Истовремено „Amazon“ брзо го зголемува бројот на луѓето кои се вработени со полно работно време. Компанијата задржува околу 14% од вработените кои работат како сезонски работници.

Иако обуката на работниците е целогодишен предизвик за „Amazon“, еден од приоритетите на компанијата за нејзиниот четврт квартал е „каква е технологијата која може да направи еден вработен поефикасен и да е безбеден“, коментира Џон Олсон, потпретседател на „Amazon“ по човечки ресурси.

Американската компанија тврди дека нејзината продажба за божниќните празници ќе се зголеми до 27% или до 45,5 милијарди долари.

Само оваа година „Amazon“ има изградено 26 нови складишта, па нивниот вкупен број во целиот свет достигна 149. Според Олсен во новите магацини се е автоматизирано. Тие користат уреди со допир, роботи, скенери и други технологии, така што работата оди значително побрзо.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП