Организаторите на натпреварот „Автомобил на годината во Европа“ го објавија списокот од 7 финалисти кои ќе се борат за првото место. Победникот во престижната листа ќе стане познат на автосаемот во Женева во март следната година.

За наградата ќе „борат“ 5 европски и 2 јапонски модели. Од трката сепак испаднаа автомобили како суперавтомобилот „Honda NSX“, кросоверите „Jaguar F-Pace“ и „Skoda Kodiaq“, како и електричниот „Tesla Model X“. Финалистите во изборот беа одбрани од жири, во кое влегуваат автомобилски новинари од 22 земји. На почетокот тие посочија 40 модели.
Еве ги финалистите:
Alfa Romeo Giulia

Citroen C3

Nissan Micra

Mercedes-Benz E-Class

Peugeot 3008

Toyota C-HR

Volvo S90 / V90

Победник во претходното издание на корнкурсот беше хечбекот „Opel Astra“. Пред него првото место го заземаа „Volkswagen Passat“, „Peugeot 308“ и „Volkswagen Golf“ од седмата генерација.