26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЗагуба од пола милион на секој продаден автомобил

Загуба од пола милион на секој продаден автомобил

zaguba

Откако „Fisker“ се најде на работ на банкрот во јавноста се појавија нови информации за нивното работење. Па така според компанијата „PrivCo“, која се занимава со истражување на финансиите на приватните компании, „Fisker“ со продажбата на секој примерок од моделот „Karma“ бележи загуба од 560.000 долари.

Земајќи ги во предвид трошоците за развој, маркетинг и другите вложувања во производството на моделот, како и бројот на продадени возила, „PrivCo“ пресмета дека производната цена на еден автомобил изнесува 660.000 долари.

Кога се знае дека малопродажната цена на овој луксузен хибриден модел се движи околу 100.000 се доаѓа до пресметката дека на секој продаден автомобил оствариле загуба од околу пола милион евра.

Со поголем број продадени примероци овој биланс би се поправил во корист на „Fisker“. Меѓутоа со оглед дека американскиот производител успеа да испорача само 2000 автомобили пред да биде прекинато производството во 2012-та година, а во меѓувреме долговите пристигнаа за наплата, најверојатно компанијата нема да има светла иднина.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП