7 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMini ќе понуди уште помоќен JCW

Mini ќе понуди уште помоќен JCW

mhech22

Компанијата „Mini“ нема намера да се откаже од најсуровата модификација на својот хечбек дури и по промената на генерациите. Во моментов најсилната верзија на моделот е „John Cooper Works“ (JCW), но претстои појавување на уште помоќен автомобил. Тој ќе добие уште две букви кон името – „GP“.

Пред новинарите шефот на „Mini“ – Петер Шварценбауер, призна дека најмоќните и најбрзите верзии на хечбекот се „многу важен дел од марката „Mini““, затоа нивната иднина може да се смета за безбедна. Токму таква ќе биде и идната „JCW GP“, чија појава се уште не е прецизирана.

Предвидено е автомобилот да излезе на пазарот некаде на крајот на животниот циклус на сегашната генерација, што значи кон крајот на сегашната деценија. Автомобилот ќе биде пуштен во ограничена серија (кај претходната генерација таа броеше 2.000 возила), а ќе го задржи сегашниот мотор – 2.0-литарски бензински турбо агрегат со 4 цилиндри.

Моќноста на моторот, сепак ќе биде зголемена. Во моментов стандардниот „Mini JCW“ развива 231 КС. Толку нуди и неодамна покажаната модификација „Mini JCW Challenge“. Според извори на весникот „Autocar“ верзијата со додаток „GP“ ќе развива до 250 КС.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП