21 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИШтрајкот во Lufthansa најверојатно ќе стане неопределен

Штрајкот во Lufthansa најверојатно ќе стане неопределен

lufthansa-pilotii

Штрајкот во германската авиокомпанија „Lufthansa“ најверојатно ќе стане неопределен. Портпаролот на пилотскиот синдикат „Cockpit“, Јерг Хандверг соопшти дека нема краен рок за завршување на штрајкот, пренесуваат агенциите.

Според него целта на пилотите е да добијат понуда од авиопревозникот за зголемување на платите.

Штрајкот започна во почетокот на неделава и синоќа уште еднаш беше продолжен со уште ден, потсетуваат агенциите. Ова е 14-та штрајк на вработените во авиокомпанијата од 2014-та година, што доведе до откажување на над 2.600 полетувања и зафати повеќе од 315.000 патници.

Пилотскиот синдикат, кој претставува 5.400 пилоти и ко-пилоти, тврди дека „Lufthansa“ со години остварува добри резултати. Синдикатот сака да го постигне 22-процентното зголемување на платите, ретроактивно за пет години до април 2017-та година.

Компанијата предложи зголемување од 2,5 проценти годишно за шест години до крајот на 2018-та година. Синдикатот сепак го прифаќа овој предлог како замрзнување на платите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП