
Изложба на слики на сликарот Илија Спасовски Чендо од Неготино ќе биде отворена во петок вечер во Галеријата на МКЦ.


Изложба на слики на сликарот Илија Спасовски Чендо од Неготино ќе биде отворена во петок вечер во Галеријата на МКЦ.
Член е на ДЛУМ, добитник на награда за сликарство „Лазар Личеноски“ ДЛУМ 2011 година.
На изложбата ќе бидат изложени 22 слики од циклусот АРТ – ФОКУС, колаж со комбинирана техника.
Сликите се апстрактни со чист ликовен израз работени во последните две години.
Самостојно изложувал во: Софија, Белград, Нови Сад, Дубровник, Битола, Цирих, Винтер Тур и Скопје.
Изложбата ќе трае 15 дена.