18 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVolvo и Polestar ќе прават електрични спортски автомобили

Volvo и Polestar ќе прават електрични спортски автомобили

polvolvo999

Шведскиот производител „Volvo“ и неговиот тјунинг оддел „Polestar“ ќе го следат примерот на „Mercedes-AMG“, „BMW M“ и „Audi Sport“, па исто така ќе започнат со развој на спортски автомобили со хибридни и електрични енергетски агрегати. Ова го откри пред изданието „Motoring“ шефот на американската филијала на марката Лес Керсемакерс.

Претходно скандинавците презедоа курс кон „даунсајзинг“ на целата гама, така што се откажаа од производство на автомобили со мотори со повеќе од 4 цилиндри. На овој начин моќноста на нивните агрегати може да биде зголемена само со помош на електрична енергија.

Во моментов најмоќниот модел на „Volvo“ е кросоверот „XC90 T8 Polestar“ со 4-цилиндричен мотор со 421 КС и 680 Нм. Според Керсемакерс компанијата нема намера да ги копира техничките решенија на најголемата германска тројка, но наскоро ќе може да им понуди пристоен одговор.

„Не си поставуваме за цел да правиме тркачки автомобили. Задачата ни е да им понудиме на клиентите моќни спортски модели кои тие ќе можат да ги користат секојдневно“, објасни Керсемакерс.

Менаџерот додаде дека наскоро „Volvo“ ќе биде подготвен да ги понуди на пазарот новите генерации на моделите од семејствата „40“ и „60“, вклучувајќи го компактниот кросовер „XC40“, а исто така и целосно електрично возило.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП