6 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПРЕПОЗНАЈТЕ ГИ ТРИКОВИТЕ НА МЕСАРИТЕ: Како да одберете добро парче месо

ПРЕПОЗНАЈТЕ ГИ ТРИКОВИТЕ НА МЕСАРИТЕ: Како да одберете добро парче месо

 

meso

Неонски лампи, адитиви и вакум амбалажа- се само некои од триковите со кои се служат месарите.

Треба да се купува месо од проверени месарници.

Месото не би требало да има темна боја. Посебно обрнете внимание каде и од кого купувате затоа што некои знаат да користат разноразни финти. Некои дури имаат неонски лампи кои даваат различна боја на месото.

Мирисот е битен фактор дали месото е свежо или не. Кај вакумски спакуваните меса тешко е да се забележи неговата свежина. Тоа дури ни трговците не го знаат. Иако е втиснат датум на пакувањето, не можеме со сигурност да знаеме дали е свежо додека не го отвориме. На квалитетот влијае цел систем од колење, пакување, па дури и транспортот.

Препорачливо е да се купува храна од животинско потекло од регистрирани објекти, каде месото се чува и продава на прописни температури.

При купување месо во месарница обратете внимание на хигиената при ракување со храната.

Граѓаните многу тешко можат да ја утврдат свежината при купување на месо. Тоа е најрасиплива храна. Со оглед на фактот дека додаваат адитиви, треба да се купува месо на кое има декларација.

На што да обрнете внимание

Мирис

Месото не треба да има силен мирис(се разбира освен дивеч). Не купувајте месо ако рабовите се суви, и ако на површината забележите делови кои изгубиле боја. Тоа укажува дека месото е старо.

Боја

При купување на месо, обрнете внимание на бојата. Свежо свинско месо има светло розова боја. Телешкото има најсветла боја, јунешкото има светлоцрвена со бел лој, а говедското е со темноцрвена боја и бледожолт лој. Свежото месо има изедначена боја , и тоа е најчесто знак за квалитет.

Текстура

Текстурата на месото зависи од староста, вид, пол но и ухранетоста на животното. Ако мускулните влакна на месото се испрекинати, нееднакви, тоа може да биде знак дека животното не било добро третирано и дека месото е расипано.

Сврзните ткива на телешкото месо се меки и нежни. Ова месо е со фина стриктура, речиси да нема поткожни масни наслаги. Од друга страна, свинското месо мора да биде цврсто со фино испреплетена структура.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП