
Издавачката куќа „Библион“ од Истанбул го објави преводот на романот „Зад аголот“ од македонскиот писател Томислав Османли на турски јазик.


Издавачката куќа „Библион“ од Истанбул го објави преводот на романот „Зад аголот“ од македонскиот писател Томислав Османли на турски јазик.
Романот, која на македонски е објавен во издание на „Магор“ во 2012 година, на турски го преведе Мехмед Јонуз.
Ова е втор, структурно покомплексен роман на Томислав Османли, по претходно наградениот роман „Дваесет и првиот“.
„Зад аголот“ развива девет линии на дејства од кои дел се преплетуваат, а дел се продолжуваат при што неговиот хронотоп има опфат од јонската и атичката антика, до современа Европа, Азија и Америка со фокус врз 1999, односно до математички и симболички последната година на минатиот век.
Во 2012-та, кога се појави, романот „Зад аголот“ на Османли беше финалист на сите домашни прозни награди.
Објавувањето во Истанбул е со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија преку конкурсот за субвенционирање странски издавачи.