12 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКрај за Volkswagen CC, наследникот пристигнува во 2017-та

Крај за Volkswagen CC, наследникот пристигнува во 2017-та

ncc-00

Иако германската компанија се уште не претстави нов „CC“, производството на актуелната верзија би можело да биде стопирано.

Покрај неизбежната промена на генерацијата, една од причините за предвременото пензионирање е и слaбата продажба на „Volkswagen CC“, дознава „Autocar“, повикувајќи се на извор од компанијата. Се претпоставува дека на лагер се наоѓаат веќе доволен број готови автомобили, па продажбата нема да трпи во приодот додека од производните ленти не слезе новиот „CC“.

ncc-01

Што се однесува до наследникот, за сега е познато дека ќе ја користи истата механичка платформа (MQB) како и новиот „Passat“, на кој оваа купе лимузина и е заснована.

„MQB“ платформата, која е основа на бројни модели од „VW“ групацијата, овозможува и вградување на широка палета на мотори, кои се располагање на инженерите на „Volkswagen“, а очекува и „Plug-in“ хибридна верзија. Кога станува збор за обликување на каросеријата на новиот модел, се смета дека дизајнерите доста се потпирале на „Sport Coupe Concept GTE“ од 2015-та година.

ncc-02

Новиот „VW CC“ треба да го очекувам во продажните салони кон крајот на 2017-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП