4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПозитивно изненадија резултатите на Philips

Позитивно изненадија резултатите на Philips

philips1

Холандскиот производител на системи за осветлување, медицинска опрема и производи за нега на здравјето „Philips“ извести за изненадувачки добри резултати во првото тромесечие, кои се резултат од две годишната програма за подобрување на профитабилноста.

Компанијата извести дека во првите три месеци од оваа година остварила нето добивка од 162 милиони евра, во споредба со 183 милиони евра во истиот период минатата година, тие резултати беа поддржани исклучиво од продажбата на дел од бизнисот и недвижниот имот во износ од 119 милиони евра.

Приходите се зголемени за еден проценти, на 5,258 милијарди евра.

„Philips“ е најголем производител на системи за осветлување во светот и меѓу трите најголеми светски производители за медицинска опрема. Со цел да се подобри профитабилноста, компанијата продаде голем дел од бизнисот со електроника, вклучувајќи го и одделот за производство на телевизори, аудио и видео опрема.

Во „Philips“ предупредуваат дека и понатака очекуваат лоши резултати во првата половина од оваа година, особено во САД и Европа, но очекуваат да ги постигнат и зацртаните финансиски цели за оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП