12 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMercedes-AMG ја оживува Black Series

Mercedes-AMG ја оживува Black Series

c63-coupe-black

Спортската поделба на „Mercedes-Benz“ – компанијата „AMG“, планира да го обнови развојот на моделите од екстремната линија „Black Series“. Ова го соопшти шефот на „Mercedes-AMG“, – Тобиас Моерс, цитиран од „Autocar“.

Според него, во моментов компанијата развива екстремно купе врз основа на моделите „Mercedes C63 AMG“. Германците не произведуваа автомобили од „Black Series“ во последниве години, откако од производните погони слегоа последните примероци на суперавтомобилот „SLS AMG“ и на „C63 AMG“ од претходната генерација.

Во верзијата „Black Series“ моделот „C63 AMG Coupe“ беше опремен со 6,2-литарски атмосферски V8. Неговиот наследник, сепак ќе добие 4,0-литарски би-турбо V8 од „Mercedes-AMG E63“, кој дебитираше претходно оваа есен. Моторот има 612 КС и 850 Нм вртежен момент.

Што се однесува до самиот „E63“, Моерс ја отфрли можноста за пуштање на негова помоќна верзија. Затоа пак појавата во сериското производство на „Mercedes-AMG GT Black Series“ е целосно реално.

Покрај неа во „AMG“ развиваат и уште една спортска модификација на каросеријата „Mercedes-AMG C63“. Таа нема да биде толку моќна колку очекуваната верзија „Black Series“, но сигурно ќе биде помоќна од сегашната топ-варијанта на моделот. Новиот автомобил ќе го добие додаток „R“ кон своето име, а според информациите тој е целосно подготвен и во моментов поминува низ финални тестирања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП