8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИFacebook планира откуп на акции до 6 милијарди долари во 2017-та

Facebook планира откуп на акции до 6 милијарди долари во 2017-та

fejsi-999

„Facebook“ најави планови за откуп на акции во вредност до 6 милијарди долари. Со својот прв ваков потег од своето основање компанијата цели да ги смири акционерите кои очекуваат резултати од големите инвестиции направени во потенцијално ризичните нови сфери на раст, пишува „Bloomberg“.

Откупот ќе вклучува обични акции класа „А“ и ќе почне во првиот квартал на 2017-та година, посочија од компанијата во документ испратен до берзанскиот регулатор. Во моментов „Facebook“ располага со 26 милијарди долари во кеш и високоликвидни хартии од вредност, а дел од овие пари ќе бидат одвоени за планот за откуп на акции. Компанијата планира и зголемување на трошоците за раст на бизнисот.

Акциите на „Facebook“ поскапеа за 1% во берзанската трговија во САД вчера, 18-ти ноември, по објавувањето на веста.

Со овој потег „Facebook“ се приклучува на групата на технолошки компании кои преземаат откуп на акции, за да ги одржат акционерите задоволни. Бумот во секторот на онлајн рекламирањето им донесе милијарди долари на компании како „Facebook“ и „Alphabet“, но акционерите се жалат дека овие пари не се користат ефективно.

„„Facebook“ е многу ефикасен со капиталот и многу одговорен во однос на начинот на кој го користи. Иако некои луѓе беа незадоволни од потезите на компанијата за купување на „WhatsApp“ и „Oculus“, тие очигледно видоа вредност во тоа“, коментира аналитичарот во „Pivotal Research Group“, Брајан Вајзер.

„Facebook“ до скоро се истакнуваше сериозно во овој аспект за разлика од останатите технолошки компании. Податоците на „Bloomberg“ покажуваат дека меѓу најголемите 10 американски технолошки компании, „Facebook“ била единствената компанија која не купувала назад свои акции. „Alphabet“ го објави првиот откуп во октомври 2015-та година – пред повеќе од една година, а „Apple“ го прави од 2012-та година.

Од 2012-та година технолошките компании повеќе од двојно ги зголемија волумените на акциите кои ги откупуваат назад, а минатата година потрошиле за оваа намена 131 милијарди долари.

Од „Facebook“ предвидо дека причината за откуп не е недостатокот на можности за инвестирање, туку враќањето на вредност на акционерите. 2017-та година, сепак, ќе биде година со зголемени инвестициски трошоци, особено за вработување на инженери и проширување на инфраструктурата, велат од најголемата социјална мрежа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП