11 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗSubaru го откри наследникот на Tribeca (фото+видео)

Subaru го откри наследникот на Tribeca (фото+видео)

viziv-7-suv-concept-1

„Subaru“ го искористи автосаемот во Лос Анџелес, за да претстави прототип на својот најголем модел – теренец со 7 места и 3 реда седишта. Тој ќе го заземе местото на „Tribeca“ во палетата на брендот и засега е познат со името „Viziv-7“.

Новиот теренец е долг 5200 мм, широк е 2.000 мм и е висок 1800 мм, а меѓуоскиното растојание е токму 2900 мм. Прототипот е за 390 мм подолг од „Outback“ и доаѓа со 230 мм поголемо меѓуоскино растојание.

viziv-7-suv-concept-2

Засега од „Subaru“ не ги откриваат техничките карактеристики на возилото. Според првичните податоци компанијата веќе го патентирала во САД името „Ascent“ што е предвидено за новиот сериски модел. Се очекува тој да добие бензински мотори со турбо полнење и 4 цилиндри, како и 3,6-литарскиот мотор со 6 цилиндри кој развива 260 КС и се нуди и во „Outback“.

viziv-7-suv-concept-3

Сериското производство на најголемиот модел на „Subaru“ ќе стартува во 2018-та година. Автомобилот ќе се составува во фабриката на компанијата во градот Лафајет, државата Индијана.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП