7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИФолксваген се спогодил со американските регулатори

Фолксваген се спогодил со американските регулатори

us-folks

Германскиот производител на автомобили Фолксваген и американските регулатори за заштита на животната средина постигнале договор за возилата на ова компанија вмешани во скандалот со тестовите на емисијата на штетни гасови.

Според договорот, што треба да го одобри и судот, Фолксваген ќе поправи 60 илјади возила со тролитарски мотори во кои беше вграден софтверот за лажирање на податоците на еко тестовите и ќе откупи 19 илјади постари модели чија поправка би била премногу сложена, наведува Bloomberg, повикувајќи се на анонимни извори запознаени со текот на преговорите.

Договорот не ги решава судските постапки што ги покренаа сопствениците на автомобили или Сојузната комисија за трговија.

Фолксваген минатиот месец постигна договор „тежок“ рекордни 15 милијарди долари за дволитарските дизел автомобили.

Фолксваген се најде во центарот на голем скандал забележувајќи огромен пад на продажбата, откако лани призна дека во 11 милиони дизел автомобили продадени ширум светот намерно вградил софтвер што на еко тестови ги намалувал резултатите на емисијата на штетни гасови, додека во услови на вистинско возење, емисијата била дури 40 пати повисока од дозволената граница.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП