27 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСерхио Рамос се приклучил на тренинзите на Реал

Серхио Рамос се приклучил на тренинзите на Реал

serhio399

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, започнал да трениера со првиот тим, откако се рехабилитирал од повредата на коленото. Рамос конкурура за место во тимот за претстојниот натпревар со градскиот ривал Атлетико.

Серхио Рамос се повреди на натпреварот во Дортмунд, против Борусија во Лигата на шампионите (2:2), на 27.септември. Шпанските медиуми пренесоа дека тој од вторникот им се приклучил на соиграчите и дека ќе биде во комбинација за дербито со Атлетико.

За градското дерби, тренерот на Реал Зинедин Зидан, нема да може да смета на Тони Крос, а под голем знак прашалник е и настапот на Пепе (проблеми со тетивата), односно на Карим Бензема и Касемиро кои тренираат одвоено.

Дербито на Мадрид ќе се одигра на „Винсенте Калдерон“, во сабота од 20:45 часот. Реал во дербито влегува од првата позиција со 27 бодови, шест повеќе од четвртопласираниот Атлетико.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП