7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПилотите на Lufthansa го најавија најголемиот штрајк досега

Пилотите на Lufthansa го најавија најголемиот штрајк досега

19444868245811ba5657d08600249088_w640

Пилоти од германската авиокомпанија „Lufthansa“ предупредија дека повторно ќе стапат во штрајк поради долготрајниот спор околу платите.

Синдикатите на пилотите на германскиот авиопревозник соопшти дека во наредните 24 часа ќе ги објави деталите за должината на траењето и обемот на штрајкот, со напомена дека тоа ќе биде најголемиот таков штрајк досега во Германија.

Како што се наведува во соопштението, „Lufthansa“ заработува милијарди евра, но пилотите не добиле зголемување на платите пет години. Работниците бараат од управата на компанијта да го разгледа тој факт.

Компанијата наведе дека заканувањето со штрајк е „потполно неразумно“ додавајќи дека работниците треба да се вратат на преговорите.

До спорот дојде во момент кога „Lufthansa“ се реструктуира со цел да може да им биде конкурентна на авиpкомпаниите од Персискиот залив.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП