
Друштвото за издавачка дејност Македоника литера од Скопје неодамна ја објави книгата за деца „Приказни од скопскиот парк“ на украинската писателка Ана Багрјана.


Друштвото за издавачка дејност Македоника литера од Скопје неодамна ја објави книгата за деца „Приказни од скопскиот парк“ на украинската писателка Ана Багрјана.
Книгата „Приказни од скопскиот парк“ е илустрирана од самата авторка, а содржи раскази за деца инспирирани од Скопје и напишани за време на неодамнешниот неколкугодишен престој во Скопје. Преводот е на Ленче Тосева.
Книгата содржи осум раскази за деца од помала возраст во кои се раскажуваат доживувања од секојдневието на децата во коишто дидактиката доаѓа во втор план, а приказната на крајот носи своја порака. Авторката во овие раскази раскажува за светот на градскиот парк, односно за птиците и животните чиј дом е природата, но живеат и во градот.
Преку приказните за нив доаѓа до израз луцидниот, наивен и занимлив свет на децата и на живиот свет во паркот. А за тоа, авторката пишува:
„Како може да им подариш на верверичките новогодишен празник? Кој може да се нарекува вистински приjател? Зошто на жабите подобро им е да живеат во езерото во паркот? Дали е можно да го видиш целиот свет од врвот на стариот багрем? Што е тоа мудрост и каде се чува таа?
Одговорите на овие и многу други прашања ќе ги кажат хероите на нашите приказни. Тие живеат во обичен градски парк. Но овоj парк е необичен. Тој е волшебен свет полн со доживувања и тајни. Животни, луѓе, птици, инсекти, дрвја, облаци… Сите тие умеат да се радуваат, да тагуваат, да сонуваат. Исто така, веруваат во чуда. Затоа што чудата се наоѓаат наоколу нас.“
Ана Багрјана (1981) е поет, прозаист, драматург и преведувач. Завршила украински jазик и литература во Киев.
Автор е на поетските книги „Соцветие од зборови“ (2000), „Сред виолетовите соништа“ (2002), „Меѓу боговите и нас“ (2005), „Прошетка по jаже“ (2008), „Другите ли¬нии“ (2009), „Баење од љубов“ (2011); романите „Етимологиjа на крвта“ (2008), „Толку необична љубов“ (2010), „Дошкуљака“ (2012); книгите со проза за деца „Животи на истакнати деца“ (2010), „Приказни од градскиот парк“ (2014), „Генја“ (2015), „Остварени мечти“ (2015); повеќе драмски дела, раскази и критички статии, обjавени во антологии, алманаси и литературни списаниjа. Изведени се претстави со пиеси и либрето на Ана Багрjана во Украина, САД и Македониjа.
Преведува од словенски jазици. Превела и неколку дела од македонски на украински јазик од Киро Донев („Весел зоо парк“, „Збркана сказна“, „Јамболија што лае“), Натали Спасова („Прва љубов во Розевата улица“ и „Запалка“), Ристо Васи¬левски („Храм, сепак храм“), Фросина Пармаковска („Вишнова хроника“), Трајче Кацаров…, а во украински книжевни весници, списаниjа и саjтови обjа¬ви¬ла голем број преводи на песни, раскази и драми од македонски автори, како и статии за современата македонска книжевност. Составувач и преведувач е на „Антологиjата на современата поезиjа на Република Македониjа“ (2012) на украински jазик.
Наградена е со повеќе украински и меѓународни книжевни награди.
Неjзини дела се преведени на полски, азербеjџански, бугарски, руски, македонски, француски, англиски, латвиски, ерменски, албански, српски, хрватски и на други jазици.
Книгите на Ана Багрjана се обjавени во Белгиjа, Полска, Азербаjџан, Бугариjа, Србија, а во Македониjа се објавени: „Толку необична љубов“ (2010) , „Пиеси“ (2011), „Ѓерѓеф“ (поезиjа, 2012).
Учествувала на сите поголеми и позначајни книжевни манифестации што се одржуваат во Република Македониjа, а трипати учествувала и на Летната школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура во Охрид. Од 2009 до 2015 година привремено живееше во Скопје.