18 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗFerrari 250 GTO ќе стане најскапиот автомобил во светот (фото)

Ferrari 250 GTO ќе стане најскапиот автомобил во светот (фото)

skferari-00

Класичниот „Ferrari 250 GTO“ е на пат да се стане најскапиот автомобил во светот, откако ќе биде продаден за 45 милиони фунти. Автомобилот е произведен во 1962-ра година и во последните години е eден од најпосакуваните од колекционерите на автомобили, бидејќи е вториот произведен „250 GTO“. Потсетуваме дека од моделот се составени само 36 возила.

Автомобилот учествувал во „24 часа Ле Ман“ и во „12 часа на Сибринг“, а и покрај неговата возраст од над 50 години, возилото се уште е во можност да забрзува од 0 до 100 км/ч за околу 6 секунди, како и максимална брзина од 273 км/ч.

Во моментов легендарниот автомобил се продава, што не се случило во последните 20 години. Џон Колинс, кој стои на чело на специјализираниот сервис за модели на „Ferrari“ – „Talacrest“ го продава автомобилот за повеќе од 45 милиони фунти.

skferari-01

„Доста долго барав „250 GTO“ и одеднаш се појави овој автомобил – вториот примерок кој од „Ferrari“ го имаат произведено од овој модел. Ова е едно убаво „Ferrari“, што може да биде дефинирано како „Светиот грал на класичните автомобили“. Ова се должи и на неговата голема историја – шестото место во крајниот пласман во Ле Ман и првото место во својата класа во Сибринг“, вели Колинс.

„Веќе добив понуда за возилото и сигурен сум дека тоа ќе предизвика интерес. По овогодинешните претседателски избори, Американците бараат начини да инвестираат во имот, а автомобилите се многу подобра опција од досадна слика закачена на ѕидот“, додава сопственикот.

Обично, во ретките случаи во кои се продава „Ferrari 250 GTO“, тендерот е затворен и наддавањето се спроведува од само неколку брокери, најмени од најбогатите колекционери на автомобили. Се смета дека тоа ќе биде прв случај во последните 20 години, во кој „GTO“ ќе го смени сопственикот на отворена аукција во Англија.

skferari-02

Во 2014-та година аукциска куќа „Bonhams“ продаде еден таков автомобил во САД за 38 милиони долари (30 милиони фунти.). Последната аукција, на кој е продаден „250 GTO“ пред тоа, е одржана во 1990-та година.

Автомобилот од сликите е произведен во март 1962-ра година и бил користен од „Ferrari“ за тестови. Последователно е продаден на Луиџи Чинети и неговиот легендарен тркачки тим „North American Racing Team“.

Ова е првото „GTO“ кое било употребувано во трка. Зад воланот е седел Фил Хил, кој го освоил првото место во својата класа и второто место во вкупниот пласман на 12-часовното натпреварување за издржливост во Сибринг.

Автомобилот настапи и во „24 часа Ле Ман“ во 1962-ра година, каде завршува трет во својата класа и шести во крајниот пласман. Меѓу 1962-ра и 1965-та машината обезбедни неколку места на подиумот со различни пилоти зад воланот.

skferari-03

Во 1969-та година тоа „GTO“ е продадено за 4.345 фунти, а една година подоцна повторно го менува својот сопственик – овој пат за 8.850 фунти. Во 1975-та година возилото е купено од Стив Гризволд за 10.460 фунти. Тој го реставрира и го продава три години подоцна за 100.500 фунти.

Во последните 40 години возилото е прикажан многу пати на саеми за класични автомобили и било дел од неколку музејски експозиции.

Со цената од 45 милиони фунти, ова „Ferrari 250 GTO“ е точно 245 пати поскапо од ново „Ferrari 488“ и 4.500 пати поскапо од „Ford Fiesta“ – најпопуларниот автомобил во Англија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП