КУЛТУРА

Промоција на стихозбирката „Некаде помеѓу“ од Искра Пенева

iskrapeneva

Во Друштвото на писателите во петокот беше промовирана стихозбирката „Некаде помеѓу“ на Искра Пенева, која живее и твори во Белград.

Стихозбирката „Некаде помеѓу’ на Пенева е наградена со наградата „Стојан Христов’, што традиционално на Струшките вечери на поезијата ја доделува Агенцијата за иселеништво на Република Македонија.

Промотор на книгата е писателот Христо Петрески , а стиховите ги чита Александра Велинова.