„Porsche“ ја претстави верзијата со долга основа на новата генерација на „Panamera“, која ќе дебитира следната недела на саемот во Лос Анџелес. Новата варијанта го доби името „Executive“, а заедно со неа ќе дебитира и новиот основен двигател на „Panamera“ – 3,6-литарски V6 турбо бензински агрегат со 326 коњски сили.
Верзијата „Executive“ е со база, подолга со 150 мм, што значи повеќе простор за патниците на задното седиште. Измените вклучуваат и додавањето на панорамски покрив, греењето на седиштата, а задните добиваат и можност за различни промени на нивната состојба. Покрај тоа се појавува и адаптивна воздушна суспензија, како и електронска контрола врз работата на амортизацијата.
Купувачите ќе можат да нарачаат и нова централна конзола, наменета за патниците позади. Таа ќе биде опремена со масички на превиткување, идеја која е превземана од седиштата во патничките авиони, која веќе е присутна во модели на други компании. Кон ова се додадат и новите 10,1-инчни дисплеи, прицврстени на задниот дел на предните седишта, а тие можат да се извадат и да се користат и како таблети од патниците.
Новиот V6 мотор кој ќе се користи кај верзијата на „Panamera“ со заден пренос и онаа со погон 4х4 „Panamera 4“, всушност е еволуција на турбо моторот што се користи кај претходната генерација на моделот. Но моторот е со 20 коњски сили поголема моќ и има за 13% помала потрошувачка на гориво. 8-степената „PDK“-трансмисија, со која работи тој е дел од сериската опрема.