8 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНа кои модели им велиме збогум во 2016-та? (фото)

На кои модели им велиме збогум во 2016-та? (фото)

bye-90

Неколку актуелни модели на автомобили од следната година повеќе нема да бидат во понудата на некои производители.

Некои ќе добијат наследник, а некои засекогаш заминуваат во историјата.

Aston Martin DB9 (2004-2016.)

bye-91

„DB9“ беше присутен на пазарот повеќе од една деценија, а сега ќе го отстапи своето место на „Aston Martin DB11“ кој беше претставен во пролетта 2016-та.

BMW Z4 (2002-2016.)

bye-92

Моделот на „BMW“ се продаваше дури 14 години, со оглед дека уште во 2002-ра го замени претходниот модел „Z3“. Наследникот е во подготовка, во соработка со „Toyotа.

Cadillac ELR (2013-2016.)

bye-93

За разлика од првите два модели од листата, ова луксузно купе со хибриден погон беше присутно на пазарот само три години. Тоа го плати данок на превисоката цена (75.000 долари), па дури и намалувањето од 10.000 долари не доведе до зголемување на побарувачката. Во периодот од 2014-та и 2015-та продадени се само 1.400 примероци.

Dodge Viper (2012-2016.)

bye-94

Ниту актуелната верзија легендарниот американски спортски автомобил не се оддржа долго. По само четири години, престанува производството на најновиот „Viper“, а со него во историјата најверојатно заминува и 8.4 литарскиот V10 со 640 ks. Една од причините за помалиот интерес од страна на купувачите, кои во многу поголема мера се определуваа за конкурентскиот „Chevrolet Corvette“, беше и високата цена која на стартот на продажбата изнесуваше повеќе од 100.000 долари.

Honda CR-Z (2010-2016.)

bye-95

Хибридниот спортски автомобил кој требаше да го оживее духот на популарната „Hondа CR-X“, не ги исполни очекувањата. Една од причините за укинување на моделот „CR-Z“ би можело да биде и недоволно моќниот мотор. Вкупната комбинирата моќ на погонскиот систем изнесува 130 „коња“.

Hyundai Genesis Coupe (2008-2016.)

bye-96

„Hyundai Genesis Coupe“ го отслужи својот планиран век, а наследникот би требало да се произведува под знакот на штотуку основаниот луксузен бренд – „Genesis“, со кој корејскиот производител влегува во трката за купувачите на премиум автомобили.

Jeep Patriot (2006-2016.)

bye-97

„Jeep“ уште претходно планираше да укине некој од двата модели („Patriot“ или „Compass“) од кои не беше во целост задоволен. Oдлучено е тоа да биде „Patriot“, додека „Compass“ неодамна доби наследник. Сепак, „Patriot“ се задржа на пазарот цела една деценија.

Volkswagen Eos (2006-2015.)

bye-98

Иако формално претстана да се изработува уште во 2015-та година, кабриолетот на „Volkswagen“ се продаваше до средината на 2016-та. Иако траеше речиси цела деценија, на крајот сепак беше најслабо продаваниот модел на германскиот производител.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП