
Во вторникот вечерта во Уметничката галерија „Јавна соба“ гостуваше романската писателка Дојна Рушти на настанот на кој беше промовиран нејзиниот роман „Елиза на единаесет години“.


Во вторникот вечерта во Уметничката галерија „Јавна соба“ гостуваше романската писателка Дојна Рушти на настанот на кој беше промовиран нејзиниот роман „Елиза на единаесет години“.
Романот кој е преведен на македонски јазик, издание на „Антолог“ е промовиран во рамките на фестивалот на европската книжевност Букстар BookStar , а за истиот на промоцијата говореше писателот и литературен критичар Ермис Лафазановски.
Романот е добитник на наградата „Јон Креанги“ на Романската академија во 2009 година и во моментов според него се снима филм.
Дојна Рушти (1957) е едно од најпознатите литературни пера на Романија и автор на осум книги и повеќе раскази, поместени во разни антологии. Авторката е преведувана на десет јазици.