3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИRenault вложува пола милијарда во фабриката во Москва

Renault вложува пола милијарда во фабриката во Москва

renault-sandero-avtoframos-02_639

Француската компанија „Renault“ планира да вложи 500 милиони евра во постоечкото производство во Москва.

Оваа инвестиција нема директно да го зголеми производството на автомобили, затоа што ќе се употреби за купување на современа производствена опрема и ќе овозможи помалку квалификуваните работници да се заменат со поквалификувани.

Инвестициите се планирани да се реализираат до крајот на 2020-та година, а средствата ќе се употребат за автоматизација и роботизација на производниот процес и тоа со тек на време да резултира со зголемување на производството.

Покрај тоа „Renault“ ја покажа намерата да развива човечки и техонолошки потенцијал во научно-истражувачкиот и дизајнерски центар, како и да го развие и да им го претстави електромобилот на градските власти на Москва.

Компанијата „Avtoframos“ во 1998-та година ја основаа „Renault“ и властите во Москва. Моментално во неа се произведуваат моделите „Logan“, „Sandero“, „Duster“, „Fluence“, „Koleos“ и „Latitude“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП