5 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗTesla става крај на бесплатното користење на мрежата за нови клиенти

Tesla става крај на бесплатното користење на мрежата за нови клиенти

polnaci-tesla-333

„Tesla“ денеска најави дека има намера да го прекине слободното и неограниченото користење на мрежата за полнење „Supercharger“. Промената сепак ќе се однесува само за клиенти, регистрирани по 1-ви јануари 2017-та година.

Како мала компензација, американската компанија ќе обезбеди пакети за 400 kWh слободно полнење од корпоративната мрежа. Со таков капацитет, сопствениците на автомобили ќе можат да изминуваат околу 1.600 километри годишно.

„И покрај воведената такса, која ќе се покачува постепено до одредена вредност, полнењето со електрична енергија пак ќе чини значително помалку отколку со гориво“, се вели во соопштението на компанијата. „Tesla“ додава дека сите идни автомобили ќе бидат опремени со посебен вграден хардвер потребен за полнење од системот „Supercharge“.

Промените валидни од 1-ви јануари идната година нема да се однесуваат на сегашните сопственици, како и за клиенти кои порачале возило пред тој датум и го добиле до 1-ви април.

Од „Tesla“ велат уште дека таа промена ќе има за цел да се инвестира повеќе во „Supercharge“ мрежата и на тој начин да се забрза нејзиниот раст.

„Главниот фактор кој ќе влијае на менувањето на таксата, ќе биде регионалната цена и достапност на електрична енергија околу секоја наша станица“, забележува компанијата и ветува повеќе детали подоцна во оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП