8 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАИнститутот за македонска литература одбележа 35 години

Институтот за македонска литература одбележа 35 години

%d0%bb%d0%b8%d1%82%d0%b5%d1%80%d0%b0%d1%82%d1%83%d1%80%d0%b0

По повод 35- годишниот јубилеј од основањето на Институтот за македонската литература во понеделникот во просториите на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), беше отворена конференцијата „Критика и молк“ , читање на македонската литература и култура , а истата ќе се одржи и утре.

Актуелни теми кои ќе бидат застапени на оваа конференција се следните: улогата на критиката во современата македонска култура, прашањето на методот во критиката, критиката како креација, новите медиуми и нивниот импакт врз вредносните системи , предизвикување на вредносните канони, ревизии и превреднувања, субјективизам во критиката…итн.

На конференцијата ќе земат учество над 50-тина научни соработници и литературни критичари , проследувачи на литературата и културата од нашата земја и од Австрија, Словачка , Србија, Хрватска, Полска, Словенија.

Од странство присуствуваат :Владимир Бити, Јури Талвет, Маријан Довиќ, Златко Крамариќ, Лила Мороз- Гжелак, Младен Шукало, Радомир Виденовиќ, Марек Дебнар, Даниела Костадиновиќ, Жељко Милановиќ, Андреј Гогора, Роман Кралиќ, Мартина Павликова, Катја Бакија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП