17 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVolkswagen нема пари за нова платформа

Volkswagen нема пари за нова платформа

vw

Огромните казни поради скандалот со манипулациите со дизел моторите на „Volkswagen Group“, го принудуваат раководството на концернот да ги скрати трошоците за развој на нови автомобили. Па така сите тие ќе бидат изградени на сегашните платформи на производителот, бидејќи за нови шасии пари нема, пишува весникот „Borsen-Zeitung“ која го цитира шефот на „Volkswagen“, Херберт Дис.

Според него платформата „MQB“ ќе остане главна за автомобилите на брендот барем во следните 2 генерации на моделите на марката. Ако се смета дека една генерација „живее“ околу 5 години, тогаш тоа значи дека нова шасија за масовните автомобили на „Volkswagen“ не се предвидува. Единствено што ќе можат да направат инженерите на концернот, е да се модернизира сегашната архитектура.

mbg33

Освен за казни, „Volkswagen“ ќе треба да потроши и огромна сума за своите идни за електрични кои ќе бидат изградени на сопствена платформа – „MEB“. Таа е сосема поинаква од „MQB“, бидејќи има потреба од место за акумулаторите кои се наоѓаат на подот. Од компанијата се надеваат дека електричните ќе станат се повеќе масовни, како што најавија со прикажаниот концепт хечбек „I.D.“ за „модел на нивото на „Golf“ и „Beetle““.

Повеќето експерти сметаат дека електричните модели немаат шанси да се наметнат на пазарот во наредните години и затоа во „Volkswagen“ ќе бидат принудени да продолжат да се потпираат на основната „MQB“, која е направена за автомобили со традиционални енергетски агрегати. Нејзиниот развој започна уште пред 10 години, а конкурентите на Германците ги создадоа своите модуларни шасии подоцна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП