18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИTелекомуникацискиот бизнис доведе до раст на резултатите на SoftBank

Tелекомуникацискиот бизнис доведе до раст на резултатите на SoftBank

softbank99

Јапонската телекомуникациска и интернет компанија „SoftBank Group“ забележа 6,8% раст на оперативната добивка за кварталот меѓу јули и септември благодарение на силното претставување на телекомуникацискиот бизнис на нејзиниот внатрешен пазар, пренесува „Ројтерс“.

Стабилниот раст во нејзиниот главен внатрешен бизнис е важен за „SoftBank“, која има удели во различни компании – од американскиот телекомуникациски оператор „Sprint“ до гиганти во областа на електронската трговија „Alibaba“. Таа се насочува кон инвестиции во модерни технологии. А сето тоа се случува во согласност со планот за раст на основачот и претседател на „SoftBank“, Масајоши Сон.

Како дел од овој план во септември „SoftBank“ за 32 милијарди долари го купи британскиот производител на чипови „ARM Holdings“ – најдобро оценетата британска технолошка компанија.

Нето добивката за кварталот на компанијата се зголеми до 334,7 милијарди јени (3,21 милијарди долари) од 313,4 милијарди јени од пред една година. За споредба, просечната прогноза на аналитичарите беше за 287 милијарди јени според „Thomson Reuters Starmine“.

Внатрешните телекомуникациски оператори на „SoftBank“ забележаа подобро претставување во кварталот, откако компанијата речиси ги заврши инвестициите во мрежите и допрва почнува со следната генерација мрежи.

„Sprint“, 83% од која се сопственост на „SoftBank“ и која долго време нејзините резултатите беа во надолна линија, исто така, покажува знаци на подобрување.

„Sprint“ предвиде враќање кон оперативната добивка во последниот квартал. Покрај тоа ужива голем број на нови претплатници на договор и рекордно низок процент на оние кои се откажале од нејзините услуги. Таа ја зголеми и прогнозата за годишниот оперативен профит.

Бидејќи пазарите на широкопојасен интернет и телекомуникациските услуги во Јапонија и САД даваат знаци на зреење, „SoftBank“ се насочува кон инвестиции во нови области со цел да генерира раст во иднина. Некои од овие решенија предизвикаа загриженост кај инвеститорите, бидејќи компанијата се бори со своите 112 милијарди долари долг.

Само еден месец откако заврши договорот со „ARM“, „Soft Bank“ и „Саудиска Арабија“ соопштија дека ќе формираат фонд за инвестиции во технологии кои ќе е за над 100 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП