25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОLloyds ги продаде акциите во Марусија

Lloyds ги продаде акциите во Марусија

s1_16172

Британската банка „Lloyds“ го продаде својот удел во тимот од Формула 1, Марусија, објавија денес медиумите од „Островот“. Инаку оваа финансиска институција поседуваше 23.5 проценти од тимот.

Акциите на банката кои беа купени во 2009-та година, веќе се во сопственост на рускиот автомобилски производител Марусија, кој е главен акционер и сега поседува 92.7 проценти од тимот во Формула 1. Останатите 7.3 проценти се во сопственост на сегашни и поранешни вработени во тимот.

Екипата која има седиште во Бенбери учествува во Формула 1 натпреварите од 2010-та година, но се уште нема освоен поен од трките во ова натпреварувње. Во моментов пилоти на Марусија се Жил Бјанки и Макс Чилтон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП