17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Југохорм“ ги гаси печките

„Југохорм“ ги гаси печките

jugohrom-3905

„Југохром“ од Јегуновце започна со гасење на печките, по вчерашната одлука на Државниот инспекторат за животна средина за престанок на работата за комбинатот, информира денеска раководството на компанијата.

„Одлуката на Државниот инспекторат за животна средина ние мораме да ја почитуваме и започнавме со гасење на печките во текот на изминатата ноќ. Бидејќи станува збор за технолошки процес постапката оди постепено и до полноќ односно за 24 часа од почетокот на гасењето, сите печки на фабриката ќе бидат изгасени“, вели генералниот директор на „Југохром“ Васко Скендеровски.

Појасни дека побарале продолжување на рокот за поставување на системот за отпрашување, бидејќи од рокот што го добиле на 31-ви октомври 2014 околу 20 месеци чекале за добивање на дозволата за градба што се случило на први јули годинава.

Бидејќи немаат добиено одговор од Владата за продолжување на рокот, почнале со гасење на печките.

Се очекува до средината на следната година овој систем да биде поставен. Скендеровски најави дека во следните денови ќе одржат состанок заедно со сопственикот по што ќе се реши како ќе продолжат натаму и што ќе биде со работниците што во моментот се вработени во „Југохром“.

Министерот за животна средина и просторно планирање Башким Амети во вторникотизјави дека Инспекторатот за животна средина донел решение за престанок на работата на „Југохром“.

Конечното решение за запирањето на работата на „Југохром“ односно постапување по ова барање на државниот инспекторат за животна средина треба да го донесе Владата како колективен орган на своја седница.

Пред две години управата на „Југохром“ од Владата доби продолжување на рокот за поставување на систем за отпрашување заклучно со вчера.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП