Новите истражувања не покажуваат само дека богатите луѓе подобро поминуваат, туку и колку среќа можете да купите за одредена сума на пари.
Новото истражување на Даниела В. Сакс, Бетси Стивенсон и Џастин Вофлерс насловена како ,,Нови стилизирани факти за приходите и субјективната сатисфакција”, ја прати среќата споредена со заработувачката на поединци и одговара на прашањето што можеме да купиме со парите.
Откритијата отсликуваат колку е потребно да ги зголемиме приходите, како би влијаеле на среќата и каде живеат најсреќните луѓе во светот.
Меѓу 122 земји во светската анкета откриено е дека богатите земји се посреќни од сиромашните, што ни малце не ги изненади истражувачите.
Исто така, беше откриено дека константно треба да ги зголемувате приходите, за да би биле постојано среќни.
На пример, ако сте ги зголемиле приходите од 3000 на 6000 евра годишно, ќе морате повторно да ги дуплирате на одреден временски период, односно на 12000 евра, за да продолжите да бидете среќни.
Студијата исто така покажа дека не постои ограничување над кое би престанале да бидеме среќни доколку сеуште добиваме пари.