3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОШвајншатјгер тренираше со првиот тим на Јунајтед

Швајншатјгер тренираше со првиот тим на Јунајтед

svajni333

Екс капитенот на фудбалската репрезентација на Германија, Бастијан Швајнштајгер, прв пат оваа сезона тренирал со првиот тим на Манчестер Јунајтед.

Германецот, Бастијан Швајнштајгер е еден од најплатените фудбалери на Манчестер Јунајтед, но од почетокот на сезоната, тој тренираше со резервите, откако не ја прифати сугестијата на менаџерот Мурињо да си замине од клубот.

Сепак, Германецот, во понеделникот, прв пат сезонава работеше со првиот тим и веројатно ќе конкурира за место во тимот на следниот премиерлигашки натпревар на Јунајтед.

Швајнштајгер во август 2015 година од Баерн се пресели во Јунајтед, а минатата сезона одигра 31 натпревар за „црвените ѓаволи“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП