Овен (21.03 – 20.04)
РАБОТА: Ве очекува многу напорна недела на работа. Постои шанса некои задачи да ви се дуплираат.
ЉУБОВ: На полето на љубовта нема да постојат големи промени. Ситуацијата е стабилна за оние во врска или брак.
ЗДРАВЈЕ: Лоша крвна слика.
Бик (21.04 – 21.05)
РАБОТА: Ситуацијата е стабилна. Меѓутоа, не се впуштајте во финансиски ризици, тоа може да ве доведе до проблеми со парите.
ЉУБОВ: Имате чувство дека односот со саканото лице оди чекор напред. Партнерот ќе ви биде поддршка во најтешките моменти.
ЗДРАВЈЕ: Мали проблеми со грбот, во вид на вкочанетост.
Близнаци (22.05 – 22.06)
РАБОТА: Доколку се бавите со приватен бизнис, ве очекува драстичен пад на приходите. Сите останати ги очекува мирна работна недела.
ЉУБОВ: Имате чувство дека саканото лице се повеќе ви верува, па затоа ќе направите се за да ја задржите довербата.
ЗДРАВЈЕ: Можни се стомачни проблеми.
Рак (22.06 – 22.07)
РАБОТА: Неповолен период за деловни патувања. Одложете ги важните состаноци и преговори, со цел да не ве фатат неподготвени.
ЉУБОВ: Постојат мали препреки на љубовен план. Но сепак не е ништо што не можете да го решите со малку труд и залагања.
ЗДРАВЈЕ: Можни се проблеми со грлото.
Лав (23.07 – 22.08)
РАБОТА: Дојде време да исплатите некои долгови, а вие не сте премногу воодушевени од тоа. Сепак доколку не ги исплатите ќе имате големи проблеми во иднина.
ЉУБОВ: Се чувствувате неисполнето. Партнерот ќе биде разочаран од некои ваши големи одлуки. Лоша вест и за оние кои се сами, наскоро нема да се појави солиден партнер.
ЗДРАВЈЕ: Поведете повеќе сметка за забите и непцата.
Девица (23.08 – 22.09)
РАБОТА: Неповолен период за одложување на обврските. Зафатете се за работа и завршете ги сите задачи.
ЉУБОВ: Разочарани сте од саканото лице, но сепак не сте комплетно сигурни дали сакате да ставите крај на врската. Оние кои се слободни ќе запознаат личност која нема да ги задоволи нивните барања.
ЗДРАВЈЕ: Пад на енергијата и виталноста.
Вага (23.09 – 22.10)
РАБОТА: Можно е да се плашите за вашата деловна иднина иако работите не се толку лоши. Стравувате дека ќе загубите дел од финансиите поради некои грешни потези.
ЉУБОВ: Едно необично лице ви се додворува веќе некое време. Доколку сте во врска или брак, не правете погрешни потези.
ЗДРАВЈЕ: Можност за проблем со проширени вени.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
РАБОТА: Сметате дека заслужувате покачување но никако да го добиете. Зборувајте со надредените. Оваа недела е погодна за тоа.
ЉУБОВ: Имате проблем, бидејќи се срамите да ги покажете сите ваши чувства. Оуштете се и покажете ги емоциите. Партнерот знае да го цени тоа.
ЗДРАВЈЕ: Осетливи нозе, зглобови и стапала.
Стрелец (22.11 – 21.12)
РАБОТА: Можно е дека нема да ја добиете поддршката од колегите, која всушност ја очекувавте. Не се разочарувајте. Доволно сте паметни и амбициозни сами да ги остварите целите.
ЉУБОВ: Во текот на оваа недела саканото лице ќе ви постави важен ултиматум. Размислете добро пред било што да одлучите или кажете.
ЗДРАВЈЕ: Можен проблем со сува кожа.
Јарец (22.12 – 20.01)
РАБОТА: Неповолен период за склучување на договори, судски спорови и сл. Почекајте ја наредната недела за такви настани.
ЉУБОВ: Можно е мало заладување на односите. Доколку ви е важно саканото лице, не дозволувајте страста да се угаси.
ЗДРАВЈЕ: Одлично
Водолија (21.01 – 19.02)
РАБОТА: Неповолен период за финансиите. Не позајмувајте пари и не подигнувајте кредити. Можно е да западнете во големи долгови.
ЉУБОВ: Можни се проблеми со љубомора и посесивност. Очекувајте чести кавги со партнерот.
ЗДРАВЈЕ: Внимавајте на алкохолот.
Риби (20.02 – 20.03)
РАБОТА: Неделава не е поволна за деловни презентации, како ни за настапи во јавноста. Побарајте колегите да ве заменат на тие настани.
ЉУБОВ: Кога станува збор за љубовта можно е да донесете некои многу важни одлуки во врска со брак. Слободните Риби може да очекуваат слатка, но кратка авантура.
ЗДРАВЈЕ: Можни проблеми со бубрезите, во вид на појава на песок или камења.