17 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗАвтомобилот кој Volkswagen го направи само за Американци (фото+видео)

Автомобилот кој Volkswagen го направи само за Американци (фото+видео)

atlas-000

„Volkswagen“ конечно официјално го претстави „Atlas“ – првиот модел во својата историја, создаден специјално за северноамериканскиот пазар. Ова е автомобилот што треба да ја промени негативната тенденција на брендот во САД, каде што продажбата на „VW“ опаднаа значително во последните години и каде ефектот од „Дизелгејт“ се чувствува најсилно.

atlas-001

Тоа е „најголемиот и најхрабриот“ автомобил кој компанија го создаде за Америка, објави извршниот директор на „Volkswagen Group of America“ Хинрих Вобкен. Досега „VW“ се обидуваше да се пробие на американскиот пазар со европските кросовери, но „Tiguan“ беше премногу компактен за американските вкусови, а „Tuareg“ е премногу скап.

atlas-002

„Atlas“ е изграден врз новата „MQB“ платформа – истата која е во основата и на „Golf“. Тука сепак должината на автомобилот надминува 5.02 метри. Тоа е повеќе од машините кои според Вобкен ќе се главни конкуренти – „Honda Pilot“ и „Toyota Highlander“, и точно колку „Ford Explorer“.

atlas-003

Од разбирливи причини „VW“ се откажале да наметнуваат дизел технологија на американскиот пазар и основниот „Atlas“ ќе биде опремен со дволитарскиот турбобензинец со 240 коњски сили. Помоќната верзија нуди 3.6-литарски шестцилиндричен мотор со 284 „коња“. И двете верзии се достапни со 8-степен автоматски менувач со две спојки. Основната верзија е само со преден погон, додека помоќната може да биде нарачана и со „4motion“ систем.

atlas-004

„Atlas“ ќе го нуди системот за поврзување „Mirror Link“ како сериска опрема и ќе ги превземе дигиталните апарати кои се наоѓаат во „Audi A4“. Во моментов еднинствено не е се познати цените на овој модел. Во секој случај, новиот автомобил кој ќе се составува во Чатануга, Тенеси, ќе се најде на пазарот доста под „Tuareg“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП