27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗSkoda го обнови бестселерот (фото+видео)

Skoda го обнови бестселерот (фото+видео)

novoktavija-00

И покрај бумот на популарноста меѓу кросоверите и премиерата на „Kodiaq“ во „Skoda“ продолжуваат да ја сметаат „Octavia“ за најважниот модел. Компанијата официјално ја претстави неговата модификација, кој го допре целото семејство на најуспешниот автомобил на марката.

novoktavija-01

Главното обновување се двојните главни светла, кои се целосно во стилот на кросоверот „Kodiaq“. „LED“ диодите на предната оптика се нуди како опција и ќе ги замени сегашните „биксононски“ фарови. Благо преработен е и предниот браник, каде светлата за магла добиле различна форма. Променет е и задниот браник, а над него се наоѓаат светлата. За моделот се предвидени и нови 16-18-инчни тркала.

novoktavija-02

Дизајнот на ентериерот на „Octavia“ останува ист, но на највисокото ниво на опрема се нуди мултимедијален систем „Columbus“ со 9,2-инчен екран на допир, при што целосно се отсутни копчињата. Во кабината веќе е вклучено и посебно дополнително осветлување.

novoktavija-03

Реновираниот модел ги добил системите за безбедност до моделот „Superb“. Меѓу нив е системот за спречување на евентуален судир со пешаци, кој има функција „Front Assist“. Постојат уште асистент за влечење на приколка, обновена систем за автоматско паркирање и други. Меѓу опциите се најде уште можноста за загревање на воланот, како и посебен клуч кој ги помни поставките на неколку возачи.

Палетата мотори кај „Octavia“ се задржува, а на европскиот пазар моделот ќе се нуди со бензински и дизел мотори со зафатнина од 1,0 до 2,0 литри, во развој од 84 до 184 КС. Менувачите се 6-брзински мануелен и „DSG“ со 6 или 7 брзини. Изборната адаптивна суспензија, како и најмоќните верзии со мотори 2,0 TSI и 2,0 TDI, можат да бидат опремени со систем за погон на сите четири тркала. Претстои излегувањето и на најмоќната „RS“-верзија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП