3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSamsung го ‘замрзна’ развојот на Galaxy S8 поради истрагата за експлозиите на...

Samsung го ‘замрзна’ развојот на Galaxy S8 поради истрагата за експлозиите на Note 7

%d1%81%d0%b0%d0%bc%d1%81%d1%83%d0%bd%d0%b3-8

Јужнокорејскиот технолошки гигант „Samsung Electronics“ го одложи развојот на новиот паметен телефон со ознака Galaxy S8 поради истрагата во врска со експлозиите на моделот Galaxy Note 7, а неговите програмери досега не успеаа да ја откријат причината за инцидентите, пишува весникот The Wall Street Journal повикувајќи се на извори во групата која се занимава со разработката на новите модели.

Компанијата го „замрзнала“ развојот на проектот и ги насочила своите инженери да ги утврдат причините за дефектите на моделот Galaxy Note 7, пишува весникот.

Според мислењето на експертите, причина за експлозиите може да биде софтверот кој ја регулира работата на батеријата, се наведува во текстот на The Wall Street Journal.

На почетокот од септември од „Samsung“ го објавија масовното повлекување и запирање на продажбата на Galaxy Note 7 поради проблемот со батериите кои може да експлодираат спонтано. Подоцна од компанијата соопштија дека дефектот е отстранет, започна замена на претходно купените паметни телефони од овој модел со новите со заменети батерии.

Сепак, се случија и низа ненадејни палења на новите телефони, на 11-ти октомври објави дека целосно го сопира производството на споменатиот модел смартфон. Големите светски воздухопловни компании, покрај тоа, забранија на нивните летови да се внесуваат паметните телефони од моделот Galaxy Note 7.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП