3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAT&T сака да гo купи Time Warner?

AT&T сака да гo купи Time Warner?

timewarner-att1

„AT&T Inc.“ е во напредна фаза од преговорите за купување на „Time Warner Inc.“, објавија информирани извори, кои посакале анонимност. Според нив договорот за спојување на компаниите може да биде објавено официјално најрано во понеделник.

Евентуалната зделка ќе и обезбеди на телекомуникациската компанија контрола врз кабелскиот канал „HBO“, мрежата на „CNN“, филмското студио „Warner Bros“ и други медиумски средства, пренесува „Ројтерс“, повикувајќи се на пост на „Wall Street Journal“.

Претставниците на „Time Warner“ не се отворени за коментар, а од „AT&T“ одбиваат да ги коментираат информациите.

Договорот би бил еден од најголемите во последните неколку години во секторот, забележува новинската компанија.

„Ројтерс“ додава дека телекомуникациските компании бараат можности да ги комбинираат дистрибутивните функции со сопствена содржина, за да одговорат на побарувачката на потрошувачите.

Од „AT&T“ веќе реализираа неколку потези од плановите за да станат медиумска сила. Компанијата се здоби со давателот на сателитска телевизија „DirecTV“ во текот на минатата година за 48,5 милијарди долари.

Пазарната вредност на „Time Warner“ е околу 70 милијарди долари, а оценката на „AT&T“ достигнува околу 230 милијарди долари.

Главниот извршен директор на „Time Warner“, Џеф Бевкес ја одби понудата oд 80 милијарди долари на „Twenty-First Century Fox Inc.“ во 2014-та година, потсетуваат агенциите. Според различни анонимни извори Концернот нема намера да ја обновува својата понуда.

Акциите на „Time Warner“ скокнаа за 8 отсто до 89,56 долари во попладневната трговија по објавувањето на информацијата, а на „AT&T“ поевтинија со малку под 3% до 37,59 долари.

Според аналитичарот Даг Кројц од „Cowen and Co.“, „AT&T“ ќе треба да плати најмалку 100 долари за акција и главно во кеш, за да ја купат „Time Warner“. Ова ја става под сомнение стратегијата на компанијата за стекнување на содржина, наместо да лиценцираат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП