10 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЗапознајте се со најмоќниот Audi R8 во светот (фото)

Запознајте се со најмоќниот Audi R8 во светот (фото)

tu-audi-00

Кога зборуваме за турбо конверзија на првата генерација на „Audi R8“, во повеќето случаи таму некаде е интервенцијата американската тјунинг компанија „Underground Racing“. Изненадувачки, овој пат со ваков проект се ангажирале нивните колеги од „Speeddriven“.

Со тјунерите од Чикаго специјално е поврзана компанијата „duPont Registry“, која им нарачала да создадат лимитиран пакет за првата генерација на „Audi R8“ опремена со 5.2-литарски V10 мотор. Од „Speedriven“ го прифатиле предизвикот и резултатот е ова: најмоќното „Audi R8“ што располага со фантастични 1500 КС.

tu-audi-01

За да се скротат сите овие „коњи“, од „Speedriven“ ги имаат променето параметрите на суспензијата, стандардниот „S-Tronic“ автоматски менувач, кој веќе е способен да обезбеди „жестоко менување на брзините“, а т.н. „турбо дупка“ е речиси изолирана со посебни поставувања и софтверски промени.

tu-audi-02

Благодарение на сите модификации, возилото веќе е способно да забрзува од 0 до 100 км/ч за околу 2 секунди, а резултатот на стандардното „драг“ растојание од 402 метри е 9 секунди при брзина од 241 км/ч.

tu-audi-03

Покрај промените во погонскиот тракт, од „Speedriven“ си поиграа и со изгледот, кој е оптимизиран со нови 20-инчни тркала напред и 18-инчни тркала позади. Дизајнот е дополнет и со везови по кожниот тапацир, па со што се разликува од стандардната „R8“-ца.

tu-audi-04

Само 25 вакви пакети ќе бидат произведени, а од нив ќе може да ги искористат сите сопственици на „Audi R8“ со 5.2-литарски V8 мотор. Цената засега останува непозната.

tu-audi-05

Првиот прототип беше прикажан во Лас Вегас, а според плановите на инвеститорот на проектот – „duPont Registry“ – првите испораки до клиентите ќе бидат извршени пред крајот на годината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП