Компанијата „MINI“ објави детали за првиот модел во историјата со хибриден агрегат. Комбинацијата од бензински мотор и електричен мотор ќе биде поставена на една од верзиите на втората генерација на кросоверот „Countryman“.
Кај хибридната верзија на моделот моторот со внатрешно согорување ќе управува со предните тркала, а електромоторите со задните. Само на струја кросоверот ќе може да развива брзина од 125 км/ч (во режим „MAX eDRIVE“) и до 80 км/ч (во режим „AUTO eDRIVE“). Батериите на машината се наоѓаат под задните седишта, а на располагање на возачот е специјален режим на владејачката електроника, при кој бензинскиот мотор може да ги полни батериите.
Технологијата за управување со енергијата е поврзано со системот за динамична контрола на стабилноста (DSC), овозможувајќи стабилноста на курсот да може да биде оптимизирана максимално. Кога ќе се појави опасност од лизгање на погонските тркала, едноставно се активира вториот мотор, за да се обезбеди дополнителна тракција при поаѓање или прецизно вртење во свиоци.
Од „MINI“ не објавија детали за агрегатот, според изданието „Autocar“ во случајот е употребена технологијата од хечбекот „BMW 225xe“. Кај германскиот модел тој се состои од 1,5-литарски бензински мотор со 136 КС, електромотор со 88 КС, 6-брзински автоматски менувач и комплет литиум-јонски батерии од 7,7 kW/h. Вкупната моќност на агрегатот е 224 КС и 385 Нм вртежен момент.
Досегот само на електрична енергија кај „BMW 225xe“ е 41 километри, се очекува кај хибридниот „Countryman“ да биде ист. Полнењето на електричната мрежа трае 3 часа и 15 минути.