6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОШирле се сели во Челзи

Ширле се сели во Челзи

surle

Баер Леверкузен потврди дека со Челзи ги започнале преговорите за трансфер на напаѓачот, Андреа Ширле.

Леверкузен на име на овој трансфер би требало да заработи 25 милиони евра, а на позајмица во германскиот клуб најверојатно ќе пристигне белгискиот интернационалец, Кевин де Бруин.

„Можам да потврдам дека нашите претставници моментално се наоѓаат во Лондон, но во овој момент се уште немаме потпишано договор“, изјави Мајнолф Шпринк.

На преговорите во Лондон заминале спортскиот директор Руди Фелер и менаџерот Михаел Рашке.

Инаку Ширле во досегашната сезона одигра 38 средби за Леверкузен и постигна 12 голови во сите натпреварувања. Тој за селекцијата на Германија дебитираше во 2010-та година, а досега за „панцирите“ одигра 22 средби и даде седум голови.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП