18 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗТојота повлекува 340 илјади хибридни возила „приус“

Тојота повлекува 340 илјади хибридни возила „приус“

prius-docni

Toyota Motor Corporation повлекува 340 илјади хибридни возила од моделот „приус“ ширум светот.

Од јапонската компанија во среда објавија дека заради проблеми со сопирачките се повлекуваат 212 илјади возила во Јапонија и 94 илјади во Северна Америка, 17 илјади во Европа и остатокот во Австралија и другите делови на светот.

Тојота призна дека добила извештаи за сообраќајки, повреди и смртни случаи предизвикани од дефект на рачната сопирачка. Но, јапонскиот производител не изнесе други детали.

Тојота наведува дека сајлата на рачната сопирачка може неочекувано да се одвои, што предизвикува проблеми при сопирањето на возилото.

Доколку се случи возачот да го остави автомобилот паркиран и надвор од брзина, постои опасност возилото да се придвижи и да предизвика судар.

Моделите на „приусот“ со овие проблеми се произведени од август минатата година до октомври оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП