6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПовлекувањето на “Galaxy Note 7” ќе чини пет милијарди долари

Повлекувањето на “Galaxy Note 7” ќе чини пет милијарди долари

1413829

Компанијата “Samsung Electronics” соопшти денес дека повлекувањето на телефонот “Galaxy Note 7” ќе чини околу три милијарди долари во тековниот и наредниот квартал, што вкупниот трошок се зголемува на 5,3 милијарди долари.

Самсунг претходно оваа недела ја намали планираната добивка за 2,3 милијарди долари, износ кој може да го загрози целиот оперативен профит. Во тие трошоци не се вкалкулирани трошоците за првото повлекување на паметниот “Galaxy Note 7”.

Најголемиот производител на паметни телефони во светот има доволно капитал да го апсорбира шокот што следеше по повлекувањето на телефонот.

Менаџментот проценува дека ќе генерираат приход од 4,6 милијарди долари во третиот квартал.

Аналитичарите сметаат дека компанијата  Самсунг ќе генерира најмногу профит од производството на напредни екрани и полупроводници.

Раководството на компанијата најави дека ќе направи значајни промени во процесот на обезбедување на квалитет.

Јужнокорејската компанија Самсунг соопшти дека трајно го прекинува производството на паметниот телефон “Galaxy Note 7” поради безбедносни причини.

Самсунг почна да го повлекува овој модел поради тоа што некои од нив се запалија во текот на полнењето, најверојатно се должи на проблеми со литиумската батерија.

Корисниците беа во можност да ги заменат телефоните за нови, но имаше случаеви каде и новите телефони беа запалени, принудувајки го Самсунг да соопшти дека во целост го прекинува производството на тој модел.

Властите од САД и Јужна Кореја истражуваат зошто се запалија и заменетите телефони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП